Како до Кајмакчалан
До планината Ниџе - Кајмакчалан се пристигнува од Битола со автобус или со сопствено лесно возило до с. Скочивир, до каде што има и асфалтиран пат. Од с. Скочивир до самиот врв постои земјен пат, по кој што може да се стигне единствено со теренско возило, со велосипед или пак пешки (~ 5 часа пешачење)
На оваа планина нема планинарски дом, а за ноќевање можат да се искористат ловечкиот дом кој работи само за викенди и шумската куќа која се отвора со претходно најавување во дирекцијата на шумското стопанство Кајмакчалан - Битола.
Бидејќи врвот Кајмакчалан се наоѓа на самата македонско - грчка граница, потребно е претходно да се извади дозвола за движење по граница.













